ГИ ВОЗНЕМИРИ И ПРЕПЛАШИ ОБОЖАВАТЕЛИТЕ Анџелина го покри телото со пчели

22 мај, 2021
profimedia-0412177866-2

Незаборавно искуство за актерката и хуманитарка која беше покриена со пчели 18 минути

На прв поглед, неверојатно е да се видат лицето и телото на Анџелина Џоли, прекриени со многу пчели. Но, одблизу, се гледа подлабоката приказна за рамнотежата меѓу луѓето и животните, како што се пчелите, од кои зависиме за толку многу од храната што ја конзумираме.

Анџелина Џоли позираше за впечатлив портрет на National Geographic за да се привлече внимание кон итната потреба за заштита на пчелите на Светскиот ден на пчелите – и на програмата Guerlain на УНЕСКО, која ги обучува жените да станат пчеларки и заштитници на природните живеалишта на пчелите ширум светот. Фотографот Дан Винтерс, аматерски пчелар, беше инспириран од познатиот портрет на Ричард Аведон од 1981 година, чие голо торзо беше покриено со пчели.

„Луѓето не сфаќаат ни колку се важни пчелите. Три од секои четири водечки прехранбени култури за човечка исхрана – и повеќе од една третина од земјоделското земјиште ширум светот – делумно зависат од опрашувачите, според Организацијата на ООН за храна и земјоделство. Тоа не е само овошјето, јатките и зеленчукот; пчелите ги опрашуваат растенијата што ги јадат кравите и култури кои се користат за облека и лекови“, рече Џоли, која со години се занимава со хуманитарна работа и сака да ја подигне свеста за важни теми.

„Патем, таа самата сакаше да направи портрет прексиена со пчели. Јас сум пчелар и кога ми беше дадена задача да работам со Анџелина, мојата главна грижа беше безбедноста. Знаев дека единствениот начин да се постигне посакуваниот ефект на фотографијата е да се користи истата техника што ја користел Ричард Аведон пред 40 години за да го создаде својот култен пчеларски портрет. Го ангажирав мојот пријател Конрад Буфард, мајстор пчелар, да ми помогне. Тој контактираше ентомолог кој формулирал специјален феромон (излачок на хемиски фактори што предизвикува социјален одговор од одреден вид). Користевме италијански пчели, а Конрад беше смирен за време на нашето снимање. Сите на сетот, освен Анџелина, мораа да бидат во заштитно одело. Просторијата мораше да биде тивка и прилично темна за пчелите да бидат мирни. Ставивме феромон на Анџелина, на местата каде што сакавме да се соберат пчелите. Пчелите ги привлекува феромонот, но исто така ги охрабрува да не се ројат. Анџелина стоеше совршено мирно, покриена со пчели 18 минути без убоди. Да се ​​биде близу до пчели секогаш е искуство што ме остава зачуден. Мислам дека ова снимање беше и настан што предизвикува стравопочит за сите присутни“, рече фотографот Ден Винтерс.

„Беше убаво да се дружам со овие прекрасни суштества. Секако имаше мал страв. Мора да бидете навистина смирени и во своето тело, во моментот, што мене не ми е лесно. Се чувствувам многу почестено што го имав ова искуство. Не можев да се истуширам три дена. Затоа што ми рекоа: „Ако ги имаш сите тие различни мириси, шампони и парфеми, пчелата ќе помисли дека си цвет“. Една пчела на сетот цело време ми влегуваше под фустанот. Постојано ја чувствував на коленото, на ногата, а потоа си помислив: „Ох, ова е најлошото место за убод. Навистина беше сè поблиску“. Таа остана таму цело време додека снимавме. А кога ги тргнав сите други пчели, го кренав здолништето и таа замина“, открива Џоли.

Како што се очекуваше, фотографијата предизвика реакции кај фановите кои беа поделени. Некои и честитаа на Анџелина за храброста и за начинот на кој ја подигнува свеста за важни теми, додека други сметаа дека претерува. ‘Зошто ова? Ова видео каде пчелите одат по неа е вознемирувачко, навистина нема потреба да се подига свеста за важноста на пчелите во природниот процес. Претера!’, ‘ Не сум сигурна дека би го направила ова, искрено, малку се исплашив од глетката’,’За пофалба, но вознемирувачко’ се само некои од коментарите за насловната страница.