ГО МАЃЕПСА ЦЕЛИОТ СВЕТ СО СВОЈОТ ТАНЦ! Девојчето од видеата на Сија порасна и заработува повеќе од големата sвезда (ФОТО)

28 мај, 2021
443028_293079-medi-z-ff_f

Австралиската пејачка Сија пред неколку години одлучи да престане да се појавува во нејзините спотови, а местото на главната sвезда во повеќето случаи го зазеде мала танчерка со неверојатен талент.

Скоро е невозможно да ги слушате песните Chandalier, Elastic Heart, Big Girls Cry и The Greatest, најголемите хитови на австралиската музичка суперѕвезда Сија, без да го замислите девојчето во беж трико со перика што ја носи Сија на настапите, како танцува, глуми, доминира во собата, прави гримаси, плаче, се смее, хипнотизира…

Малата Меди Зиглер, која Сија ја избра за заштитно лице на нејзините најголеми хитови, за прв пат се појави во спотот на популарната пејачка во 2014 година, кога танцуваше со Chandalier. Од тогаш поминаа седум години, а Меди порасна и се здоби со светска слава.

Кога првпат ја запознавме, таа имаше 11 години, па не е изненадувачки што многу се промени, деновиве нејзините најнови фотографии кружат низ целиот свет и го повторуваат она што веќе го знаевме: таа е девојка со неверојатна природна убавина .

Инаку, Зиглер и стана позната на јавноста во Америка уште во 2011 година, кога имаше само девет години и кога учествуваше во реалното шоу „Dance Moms“. Веднаш се истакна како дете со огромен талент, па веќе заработуваше околу 2.000 УСД по епизода и, наводно, заработила 400.000 УСД во текот на шесте сезони на ова шоу. Според американскиот Космополитен, Меди, откако се здоби со светска слава преку видеата на Сија, соработуваше со најпрестижните светски брендови како Марк Џејкобс, Поп-Тартс и многу други и има голем број фанови и следбеници на Инстаграм, па затоа често промовира разни производи.

Покрај тоа, младата танчерка напиша трилогија за танчарка кој со своето семејство се сели на Флорида, како и своите мемоари „Дневниците на Меди“, кои се прогласени за бестселер на Њујорк Тајмс.

Ако сето ова не ви е доволно, ќе споменеме и дека Зиглер успеа да дизајнира облека што се продава на една онлајн платформа, но и спортска облека за брендот на актерката Кејт Хадсон, Кејт Хадсон Фаблетик.

Таа се појави во неколку филмови и серии, вклучувајќи го и популарниот хит „Pretty Little Liars“, а наводно собрала околу пет милиони долари за нејзината работа на сите полиња. Исто така, пејачката Сија неодамна се испроба во светот на филмот – го режираше филмот Музика, за кој го напиша и сценариото, а нејзината главна sвезда е повторно нејзината млада пријателка Меди Зиглер. Покрај неа играат и Кејт Хадсон и Лесли Одом Џуниор. Филмот беше проследен со полемики бидејќи Меди глуми аутистична девојка, а многу луѓе кои живеат со оваа состојба и нивните семејства веруваат дека Сија не знае доволно за оваа тема за да се справи со тоа и посочуваат дека улогата на Меди требало да ја игра девојка со аутизам.

Потоа Зиглер глумеше во филмот The Fallout, кој одлично помина кај публиката и филмските критичари.

Најинтересно е што Меди има само 18 години и дека веројатно сè уште можеме да очекуваме значителни деловни потфати од неа. Едвај чекаме да видиме каква е нејзината иднина!

escort - Korsan taksi