ГОДИНИТЕ ДОБРО МУ СТОЈАТ: Го паметиме како симпатичниот Стив од серијата „Сексот и градот“, а еве како изгледа денес! (ФОТО)

16 јуни, 2021
251931_profimedia0555837424_ls

Наскоро повторно ќе го видиме на малите екрани

Секој што ја гледал серијата „Сексот и градот“ го памети Дејвид Ајгенберг како Стив, момчето на Миранда, а потоа и нејзин сопруг.

Токму оваа улога му донесе светска слава. Пред да влезе во актерскиот свет, тој служел во американската армија, и сосема случајно, станал дел од овој актерски тим. Се испостави дека неговата одлука да се појави на кастингот е најдобрата што некогаш ја донел.

Наскоро ќе го видиме повторно на малите екрани во продолжение на оваа култна серија, чие емитување се очекува наскоро.

Симпатичниот Стив денес има 57 години, а годините одлично му стојат. Можеше да се слушнат коментари дека актерот денес во зрелоста изгледа поубаво отколку кога имаше 30 години.

Dejvid Ejdenberg

Со години е во брак со Кристи Котик со кого има син и ќерка. Двојката не е премногу изложена во медиумите и ретко зборуваат за својот приватен живот.