И ДАДЕ ЗБОР Афлек под будното око на мајката на Џенифер Лопез

11 јуни, 2021
profimedia-0573296606 (1)

Мајката не сака повторно да и ја повреди ќерката 17 години откако веќе еднаш раскинаа

Актерот Бен Афлек наводно разговарал со Гвадалупе, мајката на Џенифер Лопез и и ветил дека повеќе нема да ја повреди нејзината душичка. Имено, 51-годишната латино дива ја раскина свршувачката со актерот пред 17 години, а се шушкаше дека Афлек ја изневерил.

Jennifer Lopez

Сепак, се чини дека нејзината мајка Гвадалупе негува симпатии кон Афлек. „Таа отсекогаш го сакала Бен и го натера да вети дека повеќе нема да и го крши срцето на нејзината ќерка“, изјави неименуван извор за таблоидот „Стар“. Во меѓувреме, истиот таблоид тврди дека Афлек оставил значителен белег што укажува на тоа дека тој е сериозен во намерите во врска со Лопез. Имено, при неодамнешната посета на Мајами, Афлек беше фотографиран со часовник што му го подари Џеј Ло пред 17 години. „Џен немаше идеја дека сè уште го чува, па беше навистина слатко изненадување кога се појави со него на раката“, додаде изворот.

Лопез, наводно, била толку воодушевена што му дозволила на Афлек да започне да ги пренесува своите работи во нејзиниот дом. Според изворот, привлечноста помеѓу Лопез и Афлек е толку силна што им станува сè потешко да се разделат.

escort - Korsan taksi