И КАМЕН БИ ЗАПЛАКАЛ! СТРАШНА ИСПОВЕД НА ВОДИТЕЛКАТА ОПРА ВИНФРИ: Роднина ја СИЛУВАЛ кога имала 9 години! (ФОТО)

22 мај, 2021
942757_profimedia0611175669_ls

Тажната животна приказна на Опра Винфри.

Тажната животна приказна на познатата водителка Опра Винфри расплака милиони. Таа има многу богата кариера, а позадината на нејзиното детство е застрашувачка. Имено, за време на интервјуто со принцот Хари, таа откри дека нејзиниот братучед ја силувал неколку пати, кога имала само девет години.

Според Винфри, сексуалните напади траеле до 14-та година од животот, а водителката зборувала за траумите што ги доживеала како дете во нејзината нова емисија за менталното здравје „The Me You Can Not See“, на која започна да работи во соработка со Хари.

Opra Vinfri

Додека се сеќаваше на овој болен период, водителката пролеа горчливи солзи, објаснувајќи дека нејзиниот постар братучед ја злоставувал, а за сето тоа молчела, бидејќи немала поим за значењето на зборот „силување“.

– На возраст од девет, 10, 11 и 12 години, мојот 19-годишен братучед ме силуваше – призна водителката и објасни дека во тоа време не знаела што е секс :

– Не знаев што е силување. Секако не бев свесна за тој збор. Немав идеја што е тоа секс, немав идеја како се прават бебињата, не ни знаев што ми се случува. И ја чував таа тајна. И тоа е само нешто што го прифатив, дека девојчето не е безбедно во свет полн со мажи – му рече таа на Хари.

Опра со кнедла во грлото изјави дека ја силувале неколку роднини, вклучувајќи го и нејзиниот вујко, а овој трауматски период траел до 14-та година од животот – кога останала бремена и била испратена да живее со нејзиниот татко. Првиот силувач на водителката бил нејзиниот тогаш 19-годишен братучед, кој ја малтретирал неколку години, но никогаш не го открила неговиот идентитет.

Opra Vinfri

– Ме однесе во продавница за сладолед додека сè уште течеше крв низ моите нозе и ми купи сладолед – Опра откри што се случило откако била силувана за прв пат.

Растејќи, Опра била изложена и на други форми на злоупотреба, вклучително и физичко злоставување од нејзината баба и занемарување на нејзината мајка.

– Начинот на кој ме воспита баба ми и ме камшикуваше на возраст од пет и шест години е многу морничав. Баба ми беше многу остра, како и многумина црни родители во таа ера. Идејата да го прегрнеме и сакаме нашето дете или дури и да му дозволиме на детето да се чувствува сакано, едноставно не беше дел од нејзиниот живот – објаснува Опра.

escort - Korsan taksi