ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД КАРАНТИН ГО ПРОСЛАВИ СО ЖЕШКА ФОТОГРАФИЈА: Кортни Кардашијан се фотографираше ТОПЛЕС, а еве што имаше да каже нејзиното момче за тоа!

5 август, 2021
2099523_profimedia0475092365_ls

Најстарата сестра Кардашијан, Кортни (42), објави нови фотографии на социјалната мрежа Инстаграм и откри дека последните десет дена ги поминала во карантин.

Kortni Kardašijan

Имено, Кортни објави фотографија на која позира во одраз на огледало само во бањарка под која не носи долна облека, а зад неа стои нејзиното момче, тапанарот Тревис Баркер.

Кортни сакаше да покаже што правела таа и нејзиното семејство за време на изолацијата, па можете да видите дека се потстрижала, дека гледала филмови, уживала во својот двор, но најмногу внимание привлече тоа што позираше топлес.

– Десет дена карантин …- напиша таа во описот на објавата, а нејзиното момче веднаш одговори во коментар

– Десет дена со тебе.

Да се потсетиме, Кортни од вонбрачна врска со Скот Дисик има три деца, ќерката Пенелопе и синовите Мејсон и Реган. Инаку, Кортни и Скот се во одлични односи, и заедно одат на семејни патувања поради нивните наследници.

Trevis Barker, Kortni Kardašijan
escort - Korsan taksi