Ја фатија во врел клинч со позната колешка и новото момче, а сега поради сцените за кои и е наводно жал не ја оставаат на мир

5 јуни, 2021
Screenshot 2021-06-05 144541

Рита Ора беше снимена во провокативна комбинација откако пристигна во Лос Анџелес со своето ново момче, каде папараците не ја пуштија од вид.

Пејачката Рита Ора пристигна од Австралија во Лос Анџелес, а со неа дојде и нејзиното ново момче и познат режисер Таика Ваитити.

Новиот пар неодамна ги наполни насловите на светските медиуми откако беа фатени како делат жешки бакнежи, во кои им се придружуваше актерката Теса Томпсон. Затоа дежурните папараци ја следат 30-годишната Рита каде и да оди, па ја снимија по улиците на Лос Анџелес во интересна комбинација на облека. Имено, пејачката се шеташе во црн комбинезон со деколте од кое градите едвај беа покриени.

Рита ги забележала фотографите но изгледа дека воопшто не и пречеле, па дури им се насмевнала и ја извадила заштитната маска што ја носеше.

Патем, странските медиуми пишуваат дека пејачката веќе се преселила во домот на Таика во богато предградие на Сиднеј, Австралија. Токму таму ги снимиле како уживаат во пијалок на балконот, но исто така разменуваат страствени бакнежи.

Рита и Таика ја потврдија веста за врската кон крајот на април откако се појавија заедно во Сиднејската опера, каде ги избегнуваа фотографите, но седеа заедно во првиот ред.

Таика се разведе од сопругата Челзи Винстанли во 2018 година по седум години брак, со која ги дели 8-годишната ќерка Те Хинекаху и 5-годишната Матева Киритапа. Пред славниот добитник на Оскар, Рита го сакаше францускиот режисер Ромен Гаврас, а пред тоа се дружеше и со Калвин Харис, Роб Кардашијан, Ендру Вот и Џејмс Артур.

escort - Korsan taksi