ЈА ИЗМАМИ КРАЛИЦАТА?! Принцот Хари намерно ѝ премолчел важен детал за неговиот документарец на неговата баба!

27 мај, 2021
PREVARIO-KRALJICU-660x450

Извор близок до британското кралско семејство потврди за Дејли Меил дека принцот Хари ја запознал својата баба, кралицата Елизабета Втора со документарниот проект за менталното здравје во 2018 година, кој се подготвувал да го сними за Епл ТВ +.

Според изворите, од неа бил чуван тајно само еден важен детал – дека во емисијата постојано ќе зборува за нивното семејство, откривајќи тајни што живееле во ѕидовите на кралската палата со децении.

Кралицата, тврдат извори, немала идеја дека Хари ќе изнесе скандалозни обвинувања за занемарувањето, лошото воспитување и сите други детали од неговиот бурен живот во документарниот филм “The Me You Can’t See“ за британските благородници, но и за јавноста.

Принцот Хари во емисијата, рече дека неговиот татко, принцот Чарлс, им дозволил страдања на неговите деца на ист начин како што една генерација претходно, им дозволиле кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг, неодамна починатиот принц Филип.

„Палатата споделува сочувство за траумата на Хари, но постои голема загриженост за фактот дека тој го споделува своето страдање на меѓународно телевизиско шоу“, изјави извор близок до Кралското семејство.