Како полуде Бритни: шокантен документарец ги крена на нозе обожавателите на пејачката

9 февруари, 2021
бритни

Таа влезе во светот на шоубизисот како дете, а во тинејџерските години стана една од најголемите американски sвезди.

Нејзините албуми соборија рекорди на публика во раните 2000-ти, сè додека не започна нешто многу чудно со неа.

Бритни Спирс доживеа психички пад во 2008 година, а нејзиниот татко Џејми Спирс се погрижи за неа, нејзините финансии и нејзиниот живот.

Со оглед на тоа што пејачката веќе некое време се обидува да се ослободи од него легално, нејзините верни обожаватели создадоа движење ‘Слободна Бритни’, доведувајќи ги во прашање мотивите за нејзино наметнување и продолжување на законскиот притвор со години.

Документарецот од Њујорк Тајмс „Рамка на Бритни“ ја имаше својата премиера во САД во петокот, на 6 февруари, и зборува за тоа како ја полудеа медиумите, обожавателите, па дури и најблиските пријатели и семејство, сите извлекувајќи некаква своја корист од тоа.

Може да се гледа на каналот Хулу, а веќе предизвикува многу полемики, па многумина вперуваат прсти едни кон други, бараат виновник за нејзината состојба.

escort - Korsan taksi