Каков БУМ! Ким има ПРЕКРАСНО момче! Запознајте го новинарот на СNN по кој патат сите (ФОТО)

27 април, 2021
b11016e246e3b31acf871fc8f3ba68d440e25882

Сега е јавно – Ким Кардашијан и Ван Џонс се забавуваат!

Тие беа пријатели со години, но љубовта тлееше. Ким Кардашијан се разведе од Канје Вест, а нејзините обожаватели сметаат дека е време да продолжи понатаму.

Ким (40) призна, а и Ван Џонс (52) јавно изјави дека се забавува со Ким Кардашијан! Нејзините обожаватели го прифатија и ја охрабрија Ким да продолжи и да ја официјализира врската откако во февруари таа поднесе барање за развод од раперот Канје Вест.

Таа поднесе барање за развод во февруари.

Суперстар адвокат.

Ким ја ангажираше адвокатката Лора Васер, суперстар правничка, која ги разведе повеќето ѕвезди.

Сепак, се слушаат гласини дека Ким само го користи Ван, затоа што се запишала на право и многумина веруваат дека го користи за да и помогне во понатамошната кариера. Имено, старлетата планира да гради сериозна правна кариера.

Само го користи во својата правна кариера

Еден од следбениците напиша на Твитер:

“Луѓето мислат дека Ким го користела Канје за да и помогне во нејзината модна кариера, бидејќи со негова помош се проби. Сега таа има ново момче, Ван, кој ќе и помогне да напредува во нејзината правна кариера.”

„Ако Ким се омажи за Ван, повеќе нема да верувам во никого“, напишал друг.

Сепак, повеќето се воодушевени од нејзиниот избор.

Објавата дека Ким се гледа со Ван се појави откако Канје призна дека му е доста од бракот и дека сака да се забавува со актерката.

– Сакам да бидам со уметник, креативна личност, за да имам за што да разговарам и да се разбираме – рече Канје Вест, татко на четири деца.

escort - Korsan taksi