КЕЈТЛИН ЏЕНЕР ИСПИШУВА НОВА СТРАНА ВО ИСТОРИЈАТА НА САД? Во трка влегува и трансродната членка на кланот Кардашијан

24 април, 2021
Caitlyn,Jenner,At,The,Comedy,Central,Roast,Of,Alec,Baldwin

Џенер состави тим кој вклучува некои советници на поранешниот претседател Доналд Трамп

Познатата членка на клубот Кардашијан, Кејтлин Џенер, која некогаш беше маж, во петокот објави дека ќе се кандидира за гувернер на Калифорнија и можеби ќе стане првата трансродна личност што ќе ја извршува оваа функција во САД.

„Тргнувам“, рече таа во изјавата, додавајќи дека официјално започнува кампања во следните недели.

Кејтлин Џенер освои медал во Монтреал во 1976 година, тогаш како десетобоец Брус Џенер.

„Јас сум вистински победник и единствена „аутсајдерка“ која може да стави крај на погубниот мандат на демократскиот гувернер Гавин Њусом“, рече Џенер, долгогодишна активистка на Републиканците.

Според Аксиос, Џенер составила тим кој вклучува некои советници на поранешниот претседател Доналд Трамп. „Луѓето во Калифорнија сакаат подобро и заслужуваат подобар гувернер“, рече Џенер.

Брус Џенер во 2015 година одлучи да го смени полот. До тогаш тој беше оженет со Крис Џенер, мајка на славните Кардашијанс, Кортни, Ким и Клои. Тој е татко на Кендал и Кајли Џенер.

escort - Korsan taksi