Ким и Канје среде развод на мета на вработените! Луѓето ги тужат за сè што претрпеле низ годините

18 мај, 2021
tan2021-2-19215121632-830x0

– Бидејќи членовите на неговиот неделен сервис го тужеа, другите вработени ги разгледуваат своите можности – рече изворот

Американската ријалити sвезда Ким Кардашијан (40) и раперот Канје Вест (43) влегоа во нов проблем откако нивните вработени покренаа тужба против нив.

Имено, поранешната двојка се соочува со нов скандал затоа што некои вработени бараат правда поради, како што тврдат, лошите услови за работа.

Незадоволниот персонал бара исплата на пари затоа што трпел неразумно однесување низ годините.

Сето ова се случи четири месеци откако Канје беше погоден од слични тврдења од луѓе од неговиот хор, кои тврдеа дека „малтретирал работници“.

– Бидејќи членовите на неговиот неделен сервис го тужеа, другите вработени ги разгледуваат своите можности – рече изворот.

– Постои и потенцијална тужба против Ким, во која се вклучени неколку вработени – додаде изворот.

Станува збор за работници вработени во нејзиниот дом кои се наводно погрешно класифицирани како независни изведувачи наместо како вработени.

– Исто така, ако некои од вработените биле малолетни и ако се докаже дека тие работеле повеќе од максималниот лимит утврден со закон, тогаш тоа може да стане случај на кршење на детскиот труд – рече изворот.

Да се потсетиме, Ким и Канје во моментов се борат околу старателството над децата, а нивниот развод е вреден 2,1 милијарди долари. Тие се однесуваа како совршен пар, а потоа за време на претседателската кампања во 2020 година, Канје неколку пати „пукаше“ кон неговата сопруга и нејзиното семејство, откривајќи многу деликатни детали и семејни тајни.

Се чинеше како да ги надминаа сите проблеми, а потоа неколку месеци подоцна, Ким реши да го прекине бракот.

escort - Korsan taksi