Ким Кардашијан спиела со сегашното момче на нејзината сестра

19 мај, 2021
kim-kardasijan-aubrey-o-day-travis-barker-830x0

Пејачката Обри о Деј тврди дека Кардашијанките се толку блиски што дури имале и исто момче

Американската пејачка Обри О Деј тврди дека порано Ким Кардашијан (40) и сегашното момче на нејзината сестра Кортни Кардашијан (42), Тревис Баркер (45) порано „се маткале“.

Имено, пејачката Обри тврди дека Кардашијанките се толку блиски што дури имале и исто момче.

Пејачката се огласи откако поранешната сопруга на Баркер, Шана Моклер изјави дека тапанарот на групата „Блинк-182“ имал афера со Ким и дека тоа довело до нивниот развод во 2008 година.

“Ѝ бев најдобра пријателка на Ким” за празниците, на 4 јули, а таа во тоа време се “маткаше” со Тревис, па отидовме кај него дома. Тој беше издрогиран”, напиша О Деј на Инстаграм во јули 2020 година.

– Шана, неговата поранешна (која ја сакам), наводно се заканила дека ќе и ги пресече гумите на Ким (извини девојко, но тоа беше смешно, и јас би го сторила тоа), па затоа ја замолија да го паркира автомобилот на друго место, а не пред неговата куќа – продолжи пејачката.

Шана, бившата на Тревис, неодамна изјави за US Weekly:

– Се разведов од него затоа што ги видов – ги фатив како имаат афера – рече Шана за Ким и Баркер.

– Работевме на нашиот брак и се обидовме да ја „излечиме“ таа афера, тоа неверство, но тој продолжи да го прави тоа со неа – рече Шана.

– А тогаш ги добив сите СМС-пораки и трети страни некако секогаш ми јавуваа. Тоа е нешто за што добро знаев. Сето тоа се случи пред нивното реално шоу „ Keeping Up With The Kardashians“ – изјави Шана.

Во својата автобиографија, која ја објави во 2015 година, Тревис објасни дека сакал само да ја гледа „девојката од гардероберот на Парис Хилтон (Ким)“, но дека никогаш не ја допирал и дека е вистински џентлмен.

Од друга страна, од ПР-службата на Ким Кардашијан велат дека Тревис и Ким “се само пријатели и дека се запознале преку Парис Хилтон, со која Тревис претходно бил во врска. На ист начин, и Кортни се запознала со Баркер.

escort - Korsan taksi