Ќе го отелотвори хомосексуалниот полицаец и ќе снима секс сцени со маж, скокотливите сцени не се проблем за него

24 април, 2021
harry-styles-attends-the-2019-met-gala-celebrating-camp-news-photo-1567784405

Хари Стајлс ќе го отелотвори во филмот “My Policeman” геј полицаецот, кој со години имал тајна врска со кустос на музеј, поради што ќе мора да сними скокотливи секс сцени со Дејвид Досон.

Музичарот Хари Стајлс (27), кој беше во центарот на вниманието во последните неколку месеци поради врската со 10 години постарата Оливија Вајлд, ќе направи голем чекор напред во неговата актерска кариера.

Откако во 2017 година олицетвори војник во хит-воената драма на Кристофер Нолан, “Dunkirk’’, овој пат тој ќе глуми полицаец во романтичната ЛГБТ драма на „Мојот полицаец“. Според „Сан“, Хари ќе снима секс сцени со актерот Дејвид Досон (38).

Стајлс ќе го игра хомосексуалецот Том Бурџес, кој е оженет со учителката Мерион, а ја игра Ема Корин. Бурџес со години е во тајна врска со музејскиот кустос Патрик Хазелвуд, кој го игра Досон.

“Хари ќе одигра секс сцени на снимањето и тие сакаат да изгледаат што е можно пореалистично. Планот е заедно да се снимат Дејвид и Хари, а потоа Хари сам и потполно гол”, рекол изворот.

“Малку ќе биде оставено на фантазијата. Хари презеде нова улога и е возбуден за предизвикот, иако тоа е застрашувачка задача. Тој секогаш сака да прави работи што луѓето не ги очекуваат од него и со тоа да ги натера да ги променат своите мислења за него, а со овој филм навистина ќе го стори тоа “, додаде тој.

Главните sвезди на филмот Сајлс и Дејвид одбија да ги коментираат овие информации за британските медиуми, а музичарот сигурно добива корисни совети од неговата поискусна девојка, актерката Оливија, за време на подготовките за снимањето.

За врската помеѓу Хари и Вајлд се шушкаше уште во јануари, а потоа сè беше потврдено кога тие беа снимени за време на интимни јавни излегувања. Оливија беше верена со своето долгогодишно момче Џејсон Судеикис до ноември минатата година, но по нивното раскинување, ништо не укажуваше на фактот дека е заљубена во некој нов.

Актерката и нејзиниот поранешен партнер Судеикис имаат син Отис (7) и ќерка Дејзи (4).