Кои ќе бидат кумови на ќерката на Меган и Хари?

9 јуни, 2021
profimedia-0611414208

Кралските експерти тврдат дека тоа сигурно нема да биде принцот Вилијам

Принцот Хари и војвотката Меган Маркл на 4 јуни родија девојче Лилибет Дијана. Нејзиното име брзо стана главна тема на дискусија на социјалните мрежи, затоа што беше именувана по прекарот од детството на кралицата Елизабета и по починатата мајка на Хари, принцезата Дијана. Но, кралскиот пар сè уште не објави кои ќе бидат кумови на нивното девојче. Кралските експерти тврдат дека тоа сигурно нема да биде принцот Вилијам, бидејќи членовите на кралското семејство обично не се кумови еден на друг.

Кралскиот експерт Дејзи Мекандру изјави за странските медиуми дека кумовите на малата Лилибет може да бидат некои пријатели на Меган и Хари во Америка. „Тоа би значело уште еден чекор за заминување од нивниот стар живот во нов“, објасни таа. Експертите истакнуваат дека војводата и војвотката од Сасекс би можеле да побараат кум од нивните славни пријатели како Серена Вилијамс, Кети Пери, Орландо Блум, Опра Винфри, Дејвид Фостер, Катарин Мекфи, Амал Клуни или Пријанка Чопра. Сепак, тие истакнуваат дека Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон може да се најдат на списокот, бидејќи тоа ќе ги изедначи односите.

Meghan Markle

Да се потсетиме, 36-годишниот принц и неговата три години постара сопруга, по повод раѓањето на нивната ќерка, оставија кратка порака на нивната официјална веб-страница Арчвел. “На 4 јуни сме благословени со доаѓањето на нашата ќерка Лили. Таа е повеќе отколку што некогаш би можеле да замислиме, а сепак сме благодарни за љубовта и молитвите што ги чувствуваме од целиот свет. Ви благодариме за вашата љубезност и поддршка во ова многу посебно време за нашето семејство“, гласи емотивната порака на парот.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi