КОЈ БЕШЕ ПРИНЦОТ ФИЛИП: Се откажал од презимето и семејството, на денот на венчавката на сметка имал само 12 пени! (ФОТО)

9 април, 2021
222307_profimedia0016816692_ls

Принцот Филип почина утрово, мирно во палатата Виндзор, а веста ја пренесе кралицата Елизабета Втора

Кралицата Елизабета Втора му соопшти на светот дека нејзиниот сакан сопруг принцот Филип починал на 99-годишна возраст. Тој беше нејзината „сила и поддршка“ и еден од најстарите монарси во историјата.

Принцот Филип ќе остане запаметен по насмевката на лицето, која е негов заштитен знак со години, иако во текот на животот многупати се соочуваше со губење на членови на семејството, финансиски потешкотии, но и со губење на кариерата и презимето.

Грчките корени и семејните проблеми

Филип е роден на грчкиот остров Крф во 1921 година за време на сукцесијата на троновите на Грција и Данска, но работите не се одвивале како што треба. Набргу по неговото раѓање, чичкото на Филип, кралот Константин Втори, бил принуден да се одрече од престолот, а семејството на принцот Филип морало да избега во Франција.

Принцот го носеле во импровизирано креветче направено од кутија за овошје. Мајката на Филип подоцна завршила на психијатрија со дијагноза на шизофренија, додека неговиот татко заминал, оставајќи го семејството.

Princ Filip

Одличен студент со ветувачка кариера во морнарицата

Во својата младост, Филип го опишувале како „паметен човек, но исклучително љубезен“. За да заштеди пари, тој посетувал училиште во Германија, кое било во сопственост на неговиот брат. За жал, само неколку години подоцна, неговата сестра и нејзиното семејство, вклучително и три мали деца, загинале во авионска несреќа. Неговиот вујко и старател, лордот Милфорд, починал од рак на коските следната година.

И покрај сите тешкотии, Филип дипломирал и се запишал на Кралскиот факултет – морнарица, и се истакнал како „најдобриот кадет“, станувајќи најмладиот прв поручник во Кралската морнарица.

Љубов која прераснува во брак

Во 1939 година, принцот Филип се сретнал со принцезата Елизабета, која се заљубила во него. Двојката разменувала љубовни писма со години до 1946 година, кога Филип го молел кралот за благослов да се ожени со Елизабета. Кралот на почетокот не го одобрува тоа, затоа што според кралските стандарди Филип бил сиромашен.

Тој бил грчки принц, имал нацистичко семејство, а кралот го сметал за „досаден и иритирачки“. Бидејќи била навистина многу блиска со нејзиниот татко, Елизабета на крајот го убедила кралот Џорџ да се согласи на нејзиниот брак со Филип. Принцот Филип морал да се откаже од кралската титула, стана државјанин на Велика Британија, се откажа од религијата и го усвои презимето на неговата мајка. На денот на неговата венчавка, тој имал само 12 пени на својата сметка.

Придружбата на кралицата

До смртта на кралот Џорџ беше објавено дека новата кралица нема да го земе презимето на нејзиниот сопруг, туку ќе биде Виндзор до крајот на животот. Ова навистина го вознемири војводата: “Јас не сум ништо друго освен амеба. Јас сум единствениот човек во државата што не смее да им го даде своето име на сопствените деца!”

Филип немаше друг избор освен да се откаже од кариерата во морнарицата и тоа му беше многу тешко.

Пензионирање и најстариот човек во британската монархија

Принцот Филип заврши околу 22,219 независни проекти за кралицата, сè додека не поднесе оставка во 2017 година. Војводата живееше 99 години, а неговиот имот се проценува на околу 30 милиони долари.

Имотот на кралицата надминува 500 милиони долари, а нивниот син, принцот Чарлс, има имот вреден 400 милиони долари.

Пред да се пензионира, принцот Филип се занимаваше со добротворни активности, претежно со заштита на дивите животни.