Кој кого копира: Бритни Спирс во костим каков што има Јелена Карлеуша? (ФОТО)

3 јуни, 2021
dba51b6d5340d0e0beade2e5ccc3bc1a030e84a6

Бритни Спирс неодамна објави серија фотографии во неонски костим за капење.

Дали Бритни Спирс краде идеи од Јелена Карлеуша или обратно? Овие две sвезди очигледно имаат ист вкус за облекување.

Исто така, може да се каже дека Бритни Спирс (39) и Јелена Карлеуша (42) слепо ја следат модата, па тоа е причината што и двете ги видовме најпрво со змии во рацете, а сега во неонски костим за капење.

Неонските костими за капење се хит

Пејачката на светскиот хит „Toxic“ навистина изгледа одлично во неон-зелениот едноделен костим за капење, иако неодоливо потсетува на српската пејачка. Бритни исто така ја трансформирала косата, па русите краеви ги обои во розова боја. Целиот изглед го заврши со високи црни чизми.

За време на снимањето играше на песната „Бакнеж“ од пејачот Принц.

Следбениците веднаш прокоментираа со зборовите: „Кралица“, „Прекрасна си“, „Го сакам твојот изглед“ … Таа набрзо доби половина милион лајкови