Конечно го пронајде принцот од своите соништа: Парис Хилтон не ги трга рацете од нејзиниот невенчан вереник

8 март, 2021
1421884

Богатата наследничка на познатиот ланец хотели, Парис Хилтон, била молена трипати, но никој не успеал да ја однесе пред олтарот. Додека не сфати дека љубовта на нејзиниот живот е со неа цело време. Пред неколку дена, на нејзиниот 40-ти роденден, Парис Хилтон објави дека се мажи за долгогодишниот пријател Картер Реум со кој е во врска веќе една година, а парот неодамна беше виден за прв пат откако беше објавена свршувачката

Дали Картер Реум е „вистинскиот“ останува да видиме, но факт е дека Парис Хилтон не сме ја виделе среќна подолго време. Славната богаташка секој слободен момент го поминува со својот невенчан вереник, кој и постави судбоносно прашање на егзотична локација на 17 февруари, на роденденот на неговата идна сопруга.


Парис и Картер не кријат колку се среќни и исполнети едни покрај други. По враќањето во Малибу, папараците ги „уловија“ како шетаат низ градот, а русокосата убавица не извади насмевка од лицето. Вљубените гулаби разменуваа прегратки и бакнежи како утре да нема, а фотографите успеаја да фатат огромен дијамант на нејзиниот прст.


Свршувачката се случила на приватен, егзотичен остров, а младенците биле облечени во бело од глава до пети. По 15 години пријателство и една година врска, Картер клекна на песок пред Париз и ја молеше да стави скап веренички прстен дизајниран од Жан Даусет, правнук на Луј Картиер

escort - Korsan taksi