КРАЈ НА АКТЕРСКАТА КАРИЕРА! Призна дека повеќе нема да снима филмови, СТАВА КРАЈ НА СЕ!
25 јануари, 2021
Еден од најпопуларните холивудски актери, Лиам Нисон, кој се прослави со многубројните улоги во филмови како „Војна на Sвездите“, „Списокот на Шиндлер“ и „96 часа“, неодамна ја шокираше публиката со изјавата дека повеќе не планира да игра во акциони филмови.
- Наскоро ќе имам 69 години и имам уште неколку снимки да направам, ако вирусот корона ми дозволи, но тоа ќе биде тоа – рече тој за „ENews“ и додаде:
„Мојата одлука е конечна, освен ако не ме присилат поинаку“, се пошегува тој.
Да потсетиме, Нисон ја започна својата кариера во средината на 70-тите години на минатиот век и до денес има постигнато голем број значајни, главни улоги во филмски хитови.
Тој беше номиниран и за Оскар во 1994 година за ликот на Шиндлер во реализацијата на „Списокот на Шиндлер“.