КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ЈА НАПУШТА ВИНДЗОРСКАТА ПАЛАТА: Овде во мир е тагува за покојниот сопруг!

11 мај, 2021
247671_profimedia0602515819_ls

Со загубата на сопругот, кралицата Елизабета ја изгуби својата најголема љубов и безусловна поддршка

Помина првиот месец од смртта на принцот Филип, а неговата вдовица, кралицата Елизабета Втора, ги продолжи редовните кралски должности. Сепак, се шпекулира дека таа наскоро, барем на некое време, ќе го напушти замокот Виндзор.

Со загубата на сопругот, кралицата Елизабета ја изгуби својата најголема љубов и безусловна поддршка и во приватниот живот и во владеењето со нејзиното кралство. Нејзиниот живот сигурно нема да биде ист.

Иако продолжи со своите обврски, кралицата приватно продолжува да жали за својот сакан сопруг, а тоа веројатно ќе продолжи и сега во замокот во Балморал, омиленото прибежиште на кралското семејство. Местото е полно со убави спомени за кралицата Елизабета, вклучувајќи го и споменот на медениот месец со принцот Филип, дел од него помина во помалиот ловечки замок Биркол, како дел од имотот Балморал.

Кралицата Викторија беше првата сопственичка на овој имот и честопати го нарекуваше рај на Земјата. Кралицата Мери таму засади прекрасни градини, а принцот Филип зеленчукова градина. Целиот имот се протега на 20 хектари и има неколку недвижнини. Според Ричард Еден, еден од уредниците на Дејли Меил, ако кралицата привремено се насели во овој шкотски замок, чија изградба започна во 14 век, таа ќе ги следи истите чекори како нејзината прабаба, кралицата Викторија, кога стана вдовица.

Во 1861 година, кралицата Викторија го загуби својот сопруг, принцот Алберт, кој во тоа време имаше само 42 години. После тоа, поголемиот дел од своето време го помина во Балморал, место што и значеше многу. Имено, замокот го купил принцот Алберт во 1852 година. Кралицата Елизабета исто така многу го сака ова место каде уживаше со нејзиниот покоен сопруг, особено на лето. Тој беше голем обожавател на природата и ја сметаше Шкотска за идеално место за уживање во градината и семејните собири.