КРАЛИЦАТА НА ГЛАМУРОТ ДРАСТИЧНО ГО ПРОМЕНИ ИЗГЛЕДОТ: Направи тотален хаос на улиците во Рим! (ФОТО)

9 август, 2021
255739_penelopekruz-2_ls

Со својот стајлинг, таа целосно го оживеа гламурозниот стил од седумдесеттите години

Познатата шпанска актерка Пенелопе Круз не се појавува толку често во јавноста во последните години, но секој пат кога ќе се појави, блеска со сјај на вистинска дива. Таа беше видена на снимањето на новиот филм „L’Immensit“ минатиот четврток во Рим, и секој сантиметар на неа беше целосно гламурозен, пишува Глоси.

Сопругата на Хавиер Бардем беше насмеана за време на снимањето, а со својот стајлинг целосно го рекреираше гламурозниот стил од седумдесеттите години. Пенелопе носеше син фустан, целосно блескав и сјаен, со прерамки и многу суптилно деколте. Станува збор за елегантен модел со долги, пуфкасти ракави, кој ја следи линијата на телото до половината, а потоа се шири и паѓа на подот, оставајќи впечаток на балски фустан.

Penelope Kruz

Патем, ова парче има туфници – и тоа сини и сребрено-бели, што само помага за сјајнио ефект на фустанот.

Актерката има и нова фризура – боб – која е суперпопуларна и тренди за која одамна е откриено дека изгледа одлично за сите типови лице и жени од сите возрасти. Нема сомнение дека и на Пенелопе одлично и стои.

escort - Korsan taksi