Кристина Агилера го прошета „новото тело“ на базен: Има 15 килограми вишок, но таа вели дека е задоволна!

16 февруари, 2021
profimedia-0083840274-460x0

Сега имам многу поголема самодоверба и свесна сум за себе. Надминав многу работи и се чувствувам одлично – изјави неодамна пејачката.

Американската пејачка Кристина Агилера (40) беше фотографирана на одмор во Мајами, каде ужива со семејството, а кога се соблече во костим за капење, се виде дека пејачката се „здебелила“ 15 килограми во последните неколку години.

Имено, пејачката која беше на врвот на својата кариера во 90-тите и раните 2000-ти и идол на многу тинејџерки, сега не изгледа како што многумина ја паметат.

Својата пејачка кариера ја започна откако беше прогласена за „глас на генерацијата“ во Дизни, а во текот на целата своја кариера ја споредуваа со Бритни Спирс, а не се знаеше која пејачка е поубава и позгодна. Но, денес, ситуацијата е многу поинаква и за двете.

Кристина се повлече од сцената пред неколку години да се посвети на мајчинството и никогаш не беше во можност да ја врати старата слава, но дури ни виткиот изглед.

Сега е фотографирана на базен во Мајами, каде што е со своето семејство веќе неколку дена. Кристина беше фотографирана во едноделен костим за капење, а кога се сврте се виде нејзиниот преголем задник, па фановите велат дека таа е „три пати поголема од порано“.

Поп-sвездата беше фотографирана како си игра со своите деца и куче, а подоцна носеше бел мантил, во кој изгледа како „поларна мечка“, велат обожавателите.

Никогаш не би сакал да се вратам на времето кога имав дваесет години. Тогаш се чувствував толку несигурна – изјави неодамна Кристина.

Сега имам многу поголема самодоверба и свесна сум за себе. Надминав многу работи и се чувствувам одлично. Задоволна сум од моето „ново тело“ – одговори Кристина на негативните коментари што ја следат во последните 10 години.