ЛЕЈДИ ГАГА ЈА ДОЧЕКА ПРАВДАТА: Дури пет лица беа уапсени затоа што пукале во нејзиниот шетач на кучиња

30 април, 2021
profimedia-0361711985-1-e1619768788451

Тимот што пукаше во шетачот на кучиња на Лејди Гага и ги украде нејзините миленици се дел од локална банда во Лос Анџелес. Доколку сакаат да излезат од затвор, треба да платат кауција од 1 милион долари

Во февруари годинава во Холивуд, маж вооружен со полуавтоматска пушка пукаше во шетачот на кучиња Лејди Гага, а потоа избега во бело возило со украдени два француски булдога, пишува Е! Вести.

Полицијата потврди дека се уапсени осомничените Џејмс Џексон, Џејлин Вајт, Лафајет Вајли, Харолд Вајт и Џенифер МекБрајд.

„Не сум виновен“

Обвинети се за обид за убиство, носење оружје и кражба. На рочиштето за нивните злосторства, сите се изјаснија за невини. Доколку сакаат да излезат од затвор, треба да платат кауција од 1 милион долари.

Според полицискиот извештај, за притворените било помалку важно да ја „запознаат“ Гага, но им била важна расата. Францускиот булдог е популарна раса и се повеќе се зема како домашно милениче, па за кученцата се издвојуваат до неколку илјади долари.

Тимот што го нападна шетачот на кучиња е дел од локалната банда во Лос Анџелес позната по кражби и убиства. Шетачот за кучиња Рајан Фишер се опоравува во болница.

„Ризикуваше сè за да ги спасите моите кучиња, ти си мојот херој засекогаш“, напишала пејачката.

escort - Korsan taksi