Лила нема само таен банкар, туку има и таен обожавател: Водителката во исто време, на исто место повторно доби подарок од анонимен додворувач

30 септември, 2021
li

Кога сте дел од јавниот свет, без разлика дали сте водител, актер, пејач, спортист, секогаш имаат фанови, обожаватели, хејтери.

Обожавателите се оние кои обидуваат да дојдат до своите идоли, омилените јавни личности, да ги запознаат, да се фотографираат со нив и можеби да си ја исполнат една од најуголемите желби.

Шармантната водителка Лила Филиповска долги години е дел од ТВ екраните, и важи за една омилените ТВ лица.

Како домаќинка на квизот „Се или нешто“ кој веќе брои 11 сезона, Лила постојано се сретнува со нови луѓе кои дошле да го земат милионот на банкарот. Но, досега тоа не се случило.

Меѓутоа, изминатиот период, Лила во ист ден, во исто време, исто место добива ист подарок од анонимен фан, обожавател или можеби додворувач.

Имено, и овојпат во среда, во 11 часот таа доби букет од 11 рози.

Покрај цвеќето имаше и порака: „Се молам ништо да не го изгасне сјајот во твоите очи“.

Инаку, и претходната среда, Лила доби исто така подарок букет со рози, а имаше порака: „Храброст е да љубиш без да очекуваш нешто за возврат“.

Освен таен банкар од „Се или нешто“, Лила има и таен додворувач?

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi