Луксузната и гламурозна венчавка на Бијонсе и Џеј Зи се уште се прераскажува по 13 години, а овие луѓе од холивудската елита беа на списокот на гости! (ФОТО/ВИДЕО)

5 април, 2021
h_53296552_1000x0_1000x0

Пејачката даде пет милиони долари само за своите омилени цвеќиња. Заедно со нејзиниот сопруг и нивните најблиски, таа се радуваше до пет часот наутро со стари хитови

Бијонсе и Џеј Зи се венчаа на 4 април 2008 година. И покрај бројните шпекулации, вистинските детали за свадбената веселба се појавија во јавноста – дури во 2014 година, бидејќи тие самите ги поставија за време на заедничката турнеја „On the Run“.

Музичката двојка покани 40 добро познати луѓе на венчавката, под огромниот шатор поставен во пентхаусот на раперот во Њујорк. Мајката на Бијонсе, Тина ја сошила венчаницата, а целиот простор во кој го изговориле судбоносното „да“ „пливал“ во бели орхидеи што ги нарачале од Тајланд. Според понатамошните пишувања на странски медиуми, имало 70.000 и ги чинеле пет милиони долари.

Заедно со гостите, тие уживаа во хип-хопот, старите хитови на Витни Хјустон … До пет часот наутро. Гостите, заедно со главните актери, ги оставале своите телефони на влезот, со цел да се осигураат дека ништо од церемонијата нема да „исплива во јавноста“ и дека ништо нема да ги одвлече од забавата.

Кратка снимка на чинот може да се најде и во спотот „Die with you”, за песната што пејачката му ја посвети на сопругот. А исто така го објави на Инстаграм во една прилика, денот кога прославија девет години врска.

Покрај Соланж Ноулс и останатокот од семејствата Ноулс и Картер, на свеченоста присуствуваа и Гвинет Палтроу, Крис Мартин, Кели Роланд, Мишел Вилијамс и многу други.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris