Мадона го сними својот син како оди во фустан, тој порача: „Се чувствувам слободно“.

31 мај, 2021
c552b50f-23a0-4fd8-a2be-335ffb9b493e

ПЕЈАЧКАТА Мадона сподели на Инстаграм видео од нејзиниот син Дејвид Банда како шета низ куќата во свилен бел фустан.

Дејвид искомбинира бели патики и црни очила за сонце со фустанот.

Во позадина свири песната The Power од групата Snap!

„Самодовербата е сè“, напиша Мадона со објавата.

Кон крајот на видеото, Дејвид рече дека се чувствува „слободен“ во фустанот. Фустанот е дело на дизајнерката Mae Couture.

Мадона го посвои Дејвид во 2006 година од селото Липунга во африканската земја Малави. Со него има уште пет деца.