Мајкл Даглас хоспитализиран поради ментални попречувања: Сите се прашуваат дали брачната криза е причина за нервното нарушување!

22 јуни, 2021
243159_profimedia0594211786_ls

Странските медиуми шпекулираат дека брачната криза влијаела на веќе нарушеното здравје на славниот актер

Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс важеа за еден од најхармоничните парови, но како што се шпекулираше подолго време, нивната врска веќе не е најсјајна, што наводно влијаело на здравјето на славниот актер.

Брзата помош и полицијата интервенираа во домот на славната двојка, Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс. Според странските медиуми, актерот не се чувствувал добро и се однесувал чудно, поради што му била укажана лекарска помош.

– Луѓето внатре во куќата беа загрижени за здравјето на Мајкл, бидејќи тој се однесуваше невообичаено и мислеа дека му треба лекарска помош – изјави неименуван инсајдер.

Даглас наводно имал ментални нарушувања, а се претпоставува дека се поврзани со брачните проблеми, на кои дополнително влијаело негативно карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

Да потсетиме, актерот се бореше со рак на грлото, а се шпекулираше дека повторно има проблеми со консумирање алкохол. Дали ова е причината за несогласувањата во бракот, или е тоа нивна последица, останува да дознаеме.

escort - Korsan taksi