Мајкл Даглас посрамeн на матурската вечер на неговата ќерка

10 јуни, 2021
profimedia-0413864906

Звучеше грубо

Американскиот актер Мајкл Даглас во шоуто „The Kelly Clarkson Show“ раскажа за незгодниот момент кој го доживеал на прославата на матурата на неговата 18-годишна ќерка Керис. 76-годишниот актер призна дека родителите на другите матуранти од средното училиште мислеле дека тој и е дедо на Керис, а не татко.

„Беше прекрасно, многу сум горд на неа. Но, малку се засрамив и звучеше грубо кога другите родители ми рекоа: „Честитки, мора да се гордееш со својата внука“. Во ред е. Јас не го сфатив тоа сериозно, тие само се обидоа да бидат љубезни“, рече актерот. Но, тој тврди дека се навредувал, туку само би се насмеал на ваквите коментари. Додаде дека прославата била убаво дизајнирана, без оглед на заштитните мерки заради пандемијата.

Актерот подоцна објави семејна фотографија од матурата на Инстаграм и повтори колку е горд на својата ќерка. ‘Керис, ти честитам и тебе и на целата твоја генерација. Мајка ти и јас сме многу горди на тебе. Те сакаме многу и сме возбудени за вашата иднина затоа што најдоброто допрва доаѓа. Тато’, напиша Мајкл во описот на фотографијата на која позира со неговата ќерка, 51-годишната сопруга Кетрин и 20-годишниот син Дилан.

Инаку, Керис еднаш рече дека порано и пречело што секогаш ја гледале како ќерка на познати родители. „Мислам дека треба постојано да им докажувам на луѓето дека не сум само ќерка на познати родители. Кога бев помала, не ми се допаѓаше да ме претставуваат како член на династијата Даглас. Она што најмногу ми пречеше е што луѓето мислеа дека не работам напорно, дека сè што правам всушност ми е сервирано на послужавник. Но, вистината е поинаква’, рече таа.