“Ме тепаа и константно зјапаа во моето голо тело!” Познатата старлета зборуваше за насилството кое го претрпела!

9 февруари, 2021
800

Парис Хилтон зборуваше пред Комитетот за правда во Јута лобирајќи за закон што треба да ја регулира проблематичната индустрија за тинејџери во државата.

По тој повод, таа го спомна и насилството што и се случило.

-Јас се викам Парис Хилтон, преживеав институционална злоупотреба и денес зборувам во име на стотици илјади деца, кои во моментов се наоѓаат во институции ширум Америка – рече таа во своето сведочење.

Родителите Парис ја испратиле во интернат во обид да ја одвратат од забави и бунт кај тинејџерите. Школарината за ваква институција чинеше околу 300 000 долари за една година.

-Последните 20 години имав кошмари, каде што двајца странци ме киднапираат во текот на ноќта, ме соблекуваат гола, ме пребаруваат и ме заклучуваат во институцијата.Би сакала да можаж да кажам дека прогонувачките кошмари беа само сон, но не е така.

Хилтон тврди дека членовите на персоналот ја тепале, ја присилувале да користи непознати апчиња, ја гледале како се тушира ​​и ја испраќале во самица без облека, како казна.

-На 16-годишна возраст, како дете, ги чувствував нивните очи вперени, додека гледаа во моето голо тело. Јас бев само дете и имав малтретирање секој ден.

Хилтон исто така вели дека децата во училиштето Прово Кенион ги врзувале ги фрлале по ѕидови, давеле и сексуално ги напаѓале редовно.

-Сè уште се плашам да зборувам за нешто толку лично. Но, не можам да одам да спијам ноќе, знаејќи дека има деца што го доживуваат истото насилство како мене и многу други што го поминале, и не треба ни вие – рече Парис.

escort - Korsan taksi