Меган и Хари го постигнаа првиот договор со Нетфликс: Ќе снимаат документарен спортски филм

8 април, 2021
princ-hari-megan-markl-830x0

Филмот доаѓа шест месеци откако војводата и војвотката од Сасекс потпишаа повеќемилионски договор со Нетфликс

Принцот Хари и Меган Маркл го постигнаа својот прв договор со Нетфликс – документарец за Игрите Инвиктус, меѓународен спортски настан на кој учествуваат ветерани и активни војници кои се повредени на должност и сега имаат некаков хендикеп.

Нивната продукциска куќа Арчвел ќе го снима „Срцето на инвиктус“ (Heart of Invictus), документарец чиј режисер ќе биде Орландо фон Ајнсидел, а Џоана Натасегара продуцентка.

Принцот Хари учествуваше во основањето на Инвиктус игрите, кои започнаа во 2014 година. Филмот ќе следи група натпреварувачи од целиот свет, кои претрпеле сериозна повреда на должност, на пат кон Хаг, каде ќе се одржат следните игри во 2022 година.

Тие ќе бидат прикажани додека тренираат и ги откриваат своите приказни, трауми и надежи. Серијата ќе ги следи и организаторите на Игрите Инвиктус, одложени за следната пролет.

Филмот доаѓа шест месеци откако војводата и војвотката од Сасекс потпишаа повеќемилионски договор со Нетфликс. Хари исто така ќе се појави пред камерата, а ќе биде и извршен продуцент на серијата, заедно со Фондацијата Инвиктус.

– Од првите Инвиктус игри во 2014 година, сфативме дека секој натпреварувач може да придонесе за овој мозаик на одлучност и сила на свој единствен начин. Многу сум возбуден поради овој проект – вели Хари.

escort - Korsan taksi