Меган Маркл носи обетки кои и ги дал принц обвинет за убиство на новинар

4 март, 2021
megan-markl-1-830x0

Меган Маркл (39) носеше обетки што и ги подари принцот од Саудиска Арабија на државна вечера во време кога сите светски лидери го осудуваа за убиство на новинар, пренесува „Метро“.

Имено, новинарот Џамал Кашоги, кој беше колумнист во „Вашингтон пост“ и критичар на Мохамед бин Салман, беше убиен во октомври 2018 година од саудиски агенти. Осум лица беа осудени за неговото убиство, но токму принцот Салман беше осуден од светските лидери, бидејќи за него работеа неколку агенти вклучени во смртта на новинарот. Извештајот од агенцијата „ЦИА“, објавен од американскиот претседател Џо Бајден минатата недела, открива дека принцот Салман го одобрил убиството на господинот Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул. Војвотката од Сасекс во тоа време беше забележана како носи обетки „Чопард“ за време на првата ноќ на државната посета на Фиџи, три недели по убиството на Кашоги.

Според „Тајмс“, прес-службата на палатата Кенсингтон тогаш во медиумите изјавила дека обетките биле позајмени – но тие не сакале да кажат кога.

escort - Korsan taksi