Меган Маркл се породи во тајност: Војвотката е видена како ја носат во болница

8 мај, 2021
image

Според написите на едно американско списание, девојчето на принцот Хари и Меган Маркл, за кое се шпекулираше со месеци, наводно веќе е родено.

Според таблоидот, поранешната актерка покренала гласини за предвременото породување, откако била видена како набрзина ја носат во болница.

Доброи нформиран извор за споменатиот таблоид изјавил дека кратко време по враќањето на Хари од Велика Британија, каде што поминал една недела поради погребот на принцот Филип, неговата бремена сопруга била итно пренесена во болница, а со оглед на тоа што војвотката требало да се породи дома, изворот тврди дека е можно породувањето веќе да се случило во блиската болница.

Инаку, сè уште нема официјални информации за раѓањето на второто дете на војвотката и војводата од Сасекс, но имајќи предвид дека Меган последен пат беше видена во јавноста пред две недели, кога папараците ја снимија во друштво на нејзиниот син, голем број обожаватели веруваат дека тврдењата за раѓањето на второто дете може да бидат вистинити.