Мила и Ештон сакаат трето дете? Размислуваат за вештачко оплодување

26 мај, 2021
Ashton-Kutcher-i-Mila-Kunis

Актерот чекаше неговата сопруга да биде подготвена

Минатата година странските медиуми објавија дека актерската двојка, 43-годишниот Ештон Кучер и 37-годишната Мила Кунис, имаат проблеми во бракот. Најновите шпекулации за крајот на омилената љубов на публиката започнаа кога извор за американските медиуми изјави дека актерската двојка се почесто се кара, и во надеж дека ќе го спасат бракот, тие решиле да побараат помош од експерти. Изгледа успеале да го спасат бракот, а покрај тоа, подготвени се да го прошират и семејството.

Двојката има шестгодишна ќерка Вајат и четиригодишен син Димитри, а сега тие сакаат уште едно дете. „Не е тајна дека Ештон порано сакаше повеќе деца, но тој чекаше Мила да биде подготвена. Очигледно е дека дојде време и двајцата се упорни’, изјави извор близок до парот за ОК! магазинот. „Мила е среќна со две деца, но во последно време чувствува дека уште едно ќе биде добредојдено. Ештон е прекрасен татко, што дополнително ја поттикна да донесе ваква одлука. Тие не исклучија вештачко оплодување ако нивното природно зачнување не успее“, додаде изворот.

Инаку, парот е во брак од 2015 година, а своето прво дете го добија една година порано. Атрактивниот актер присуствуваше на раѓањето на неговата ќерка, чие име беше сменето во Вајат во последен момент, што значи храбар воин. Ова популарно дуо има посебен пристап кон воспитувањето деца и никогаш не вработува дадилки. Тие тврдат дека сакаат добро да ги запознаат своите деца и дека мора да бидат оние кои знаат како да ги смират кога плачат.

Исто така, Мила и Ештон еднаш ја шокираа јавноста велејќи дека не планираат да го остават своето богатство на децата. Имено, тие веруваат дека сè се постигнува само со работа и затоа не планираат да им остават наследство на своите деца. Од мали нозе, тие работеле напорно за да ја развијат својата кариера и сакаат истото да го сторат и нивните деца. Ештон понатаму го разјасни ова: ‘Моите деца живеат привилегирано и тие дури и не го знаат тоа, а на овој начин нема ни да го дознаат тоа. Ќе ги донираме своите пари во добротворни цели’.

escort - Korsan taksi