МИЛИЈАРДЕРОТ ЏЕФ БЕЗОС НИКОГАШ ПОСРЕЌЕН, УЖИВА ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА ФАТАЛНА БРИНЕТА: Дали е можно оваа жена да изгледа толку добро на 50 години!

17 октомври, 2021
260787_dzefbezos_ls

Џеф Безос ја објави веста дека се разведува од сопругата Мекензи по 25 години брак на 4 април 2019 година. Причината за пропаѓањето на нивниот брак беше аферата на Безос со Лорена Санчез.

Како што и самиот призна, Џеф лудо се вљубил во Лорен и тоа повеќе не можел да го сокрие, па решил да поднесе барање за развод.

Кога информациите за неговата прељуба стигнаа во јавноста, тој и Мекензи објавија изјава во која ја известија јавноста дека се разведуваат, а само еден ден подоцна, Лорен откри дека ставила крај на нејзиниот претходен брак со Патрик Вајтсел.

Džef Bezos, Loren Sančez

Безос скапо ја плати својата слобода и можноста да ужива во љубовта со Лорен – разводот го чинеше 38,3 милијарди долари, но и 19,7 милиони акции на Амазон.

Не е ни чудо што Безос „полуде“ по оваа фатална бринета. Лорена неодамна го прослави својот 51-ви роденден, а двојно помладите девојки би и позавиделе на нејзиниот изглед. Нејзиното лице изгледа негувано, а благодарение на редовниот тренинг, таа има идеална линија.

Судејќи според насмевката која не му се тргна од лицето додека папараците ги фотографираа пред ресторан, се чини дека милијардерот ужива во друштвото на оваа преубава дама.

Džef Bezos, Loren Sančez

Со поранешниот во одлична врска

Она што е интересно е што тие отидоа во овој ресторан со нејзиниот поранешен сопруг, односно таа и Безос ги однесоа Патрик и неговата нова сопруга на ручек.