„Молчи или ќе ти ја уништам кариерата“ Испливаа заканите на моќниот режисер кон познатата актерка

7 април, 2021
169797101_241515721048760_6727759795260952246_n-660x450

Приказната на The Hollywood Reportera за глумецотРеј Фишер, кој го обвини режисерот Џос Ведон за „расистичко и насилно“ однесување на снимањето на филмот „Лига на правдата“ од 2017 година, исто така, откри факти за наводно злоставување на актерката Гал Гадот.

Извор изјави за „The Hollywood Reporter“ дека Гадот, која ја играше „Wonder Woman“ во филмот за суперхероите во 2017 година, беше меѓу неколкуте актери кои претрпеле наводна злоупотреба од гореспоменатиот режисер, исто така творец на култната серија “Buffy”.

Проблемите, наводно, започнале откако Ведон ја принудил 35-годишната Гадот да изговори реченици по што не се чувствувала пријатно, а режисерот наводно се заканувал дека ќе и ја уништи кариерата. Сведок од местото на настанот изјави дека по еден особено суров спор, „Џос се пофалил дека го решил тоа со Гал“. И рекол дека го напишал сценариото за филмот и дека таа мора да молчи и да ги кажува своите реченици затоа што тој може да направи филмот да изгледа неверојатно глупаво, тврдат изворите.

Изворот исто така известил дека нивната жестока дискусија на крајот резултирала со седница со тогашниот претседател на Warner Bros, Кевин Цуџихар. „Имав проблеми со Ведон, но Ворнер Брос го реши тоа на време“, изјави Гадот за „The Hollywood Reporter“ во врска со расправијата. Ведон одби да коментира било што за медиумите.

Споменатите актери не се единствените луѓе кои Ведон ги малтретирал. Извор за „ The Hollywood Reporter“ тврди дека тој дури и го омаловажил оригиналната режисерка на „Чудесни жени“ Пети Џенкинс.

Реј Фишер, кој го игра Сиборг во Лига на правдата, долго време гласно зборуваше за наводната злоупотреба на Ведон. Тој за „The Hollywood Reporter“ раскажал за еден инцидент во кој Ведон го принудил неговиот лик да изговори стереотипни црнечки пароли. Кога неволно се согласил, Ведон наводно го исмевал за начинот на кој се изразил.

Ова не е прв пат споменатиот режисерр да има проблеми. Во моментов Ведон се соочува со обвиненија за злоупотреба на неколку sвезди од неговата вампирска серија“Buffy”, вклучувајќи ги Харизма Карпентер и Мишел Трахтенберг.

escort - Korsan taksi