Му требале години да ја преболи: Ова е единствената жена која Џорџ Клуни ја сакал пред Амал!

15 март, 2021
240543_kluni_ls

Кели Престон беше една од најубавите жени во Холивуд, додека Џорџ Клуни беше една од главните заводници … Сепак, нивната љубовна приказна беше долго заборавена …

Џорџ Клуни е во брак со години со Амал Аламудин, со која ги доби близнаците Александар и Ела, но сепак има и такви кои се сеќаваат дека некогаш врската со убавата Кели Престон му била „најважната работа“, како што и самиот призна.

Годините кон крајот на 80-тите на минатиот век, беа доста бурни за љубовниот живот на Кели. Во тоа време беше омажена за Кевин Гејџ, но како што и самата изјави, веројатно тоа не беше „среќен брак“. Всушност, разводот следуваше во 1987 година, по две години брачен живот. И додека Кели ги полнеше колумните во весниците првенствено поради нејзините улоги во хит филмовите „Twins “ и „Space Camp“, а Џорџ глумеше во „Roseanne“, беше вистинското време овие sвезди да ги вкрстат патеките.

Според Мирор, Џорџ и Кели се запознале кога пропаднал бракот со Гејџ, а тоа се случило кога нивниот агент ги поканил на истата забава.

Кели била поканета од Џорџ да се вози со неговиот мотор Харли Дејвидсон, а актерката призна дека по тоа возење била „маѓепсана“.

Многу брзо, овој славен пар одлучи да живее заедно. Сепак, колку и да се сакаа, нивната љубовна приказна не траеше долго …

Džordž Kluni i Keli Preston, Džordž Kluni

По раскинувањето, Кели се забавуваше со Чарли Шин, со кого беше на кратко свршена. Подоцна се омажи за Џон Траволта, а нивната децениска приказна е особено фасцинантна.

На Кели и беше дијагностициран рак на дојка, од кој почина минатата година. Траволта тогаш во солзи објави дека ја изгубила двегодишната битка со ракот.

Интересно е што Џорџ и Кели им дадоа на своите ќерки, од бракот со Амал Аламудин и Џон Траволта, исто име – Ела …

escort - Korsan taksi