НАЈKРАТКИ БРАКОВИ во историјата на Холивуд: Оваа актерка го сруши рекордот, поднесе барање за развод 24 ЧАСА по венчавката!

9 февруари, 2021
241463_najkraci-brakovi_ls

Тие дури и не се навикнаа на заеднички живот и веќе им беше доста од сè. Не е невообичаено холивудските бракови брзо да „раскинат“, но овие sвезди ја шокираа јавноста со најавите за развод.

Еве список на најкратки бракови во историјата на Холивуд:

Ким Кардашијан – 72 дена

Ким Кардашијан досега беше во брак 3 пати, а како што се шпекулира третиотпо ред,  е на разнишани нозе со Кание Вест и тој е се поизвесен. Изгледа дека животот за двајца не е за неа. Прв пат се омажи за Дејмон Томас во тајност, а тој брак траеше 4 години.

Kim Kardašijan


Вториот брак беше уште пократок и траеше само 72 дена. Нејзин втор избор беше кошаркарот Крис Хамфрис.


Памела Андерсон – 12 дена

Памела Андерсон го кажа судбоносното ДА по 5-ти пат во животот и се омажи за филмскиот продуцент Џон Питерс (74) со кого беше во љубовна врска пред 30 години.

За нивната љубов, извор близок до парот рекол: “Тие припаѓаат заедно. Прекрасна холивудска романса”.

Сепак, таа среќа траеше кратко. Двојката се разведе само 12 дена подоцна.

Pamela Anderson
За За Габор – 24 часа

Апсолутен рекордер е За За Габор. Нејзиниот 8-ми брак по ред, со Фелипе де Алба, траеше 24 часа. Тие се венчаа на 13 април 1983 година и само еден ден подоцна, на 14 април, го поништија бракот.

Za Za Gabor
Бритни Спирс – 55 часа

Бритни Спирс имаше малку подолг брак од За Зе Габор. Таа му изговори судбоносно ДА на нејзиниот партнер Џејсон Александар во Лас Вегас и ја заврши оваа врска по 55 часа.

Еди Марфи – 2 недели

Љубовта меѓу Еди Марфи и Трејси Едмондс траеше две недели.

Николас Кејџ – 4 дена

Николас Кејџ помина четири дена во брак со Ерика Коике.

escort - Korsan taksi