Најтажниот говор на доделбата на Златните Глобуси: Половина свет плачеше заради нејзините зборови минатата ноќ! (ВИДЕО)

1 март, 2021
243189_untitled_ls

Смртта на актерот на 43-годишна возраст го шокираше светот пред шест месеци.

Американскиот актер Чадвик Бозман постхумно ја доби наградата за најдобар филмски актер во драма, шест месеци по неговата смрт на 43-годишна возраст по борбата со рак на дебелото црево ги шокираше обожавателите ширум светот.

Тој беше награден за главната улога во филмот Ma Rainey: Mother of the Blues, а наградата во негово име ја прифати неговата сопруга Тејлор Симон Ледвард.

Нејзиниот говор беше најемотивниот говор на вечерта, а многумина на социјалните мрежи признаа дека плачеле додека ја слушале, а плачеле и присутните sвезди кои го слушале говорот, меѓу кои била и Рене Зелвегер.

Во солзи, таа рече дека Бозман, доколку тој беше присутен, ќе му се заблагодари на Бога, на неговите родители и предци, како и на Волф и колегите Глин Турман, Колман Доминго, Мајкл Потс, Тејлор Пејџ и Душан Браун.

„Тој би рекол нешто убаво, нешто инспиративно, нешто што би го засилил тој мал глас во сите нас што ни кажува дека можеме да сториме нешто и дека мора да одиме понатаму…“, рече емотивниот Тејлор.

„Немам негови зборови, но мора да го искористиме секој момент да ги славиме оние што ги сакаме“, додаде таа.

О

„Мислев дека веќе го исплакав, но по овој говор сфатив дека имам повеќе солзи за Чадвик“.

„Само ова вреди да се гледа на наградите“, „Ова беше еден од најдобрите говори што сум ги слушнал“. „Ова е неверојатно“, „Една од најтажните вистини за губење на некој близок“, „Ме расплака“, коментираат твитерџиите.