НАКАЧИ 10 КИЛОГРАМИ и ЦЕЛОСНО ГО ПРОМЕНИ ИМИЏОТ: Вака изгледа денес победничката на Евровизија, Елена Папаризу! (ФОТО)

21 мај, 2021
250443_elenapaprizu_ls

Со својот огнен танц и хитот “My number one”, таа ја освои публиката и оствари убедлива победа во 2005 година на Евровизија.

Убавата Гркинка Елена Папаризу беше победничка на Евровизија во 2005 година, тогаш ја маѓепса Европа со својот глас и стас, а нејзината песна и денес е голем хит.

Немаше личност што не ги знаеше зборовите на оваа песна, а Елена беше прогласена за најубава натпреварувачка за таа година. Со долга кафеава коса и совршена линија, не можеше да остане незабележана.

По Евровизија и големиот триумф, Гркинката продолжи да се бави со музика. Сними десет албуми, а нејзините песни често ги обработуваат некои пејачи од Србија.

Таа беше омажена за менаџерот Тони Мавридис, со кого помина 12 години, но таа врска заврши со развод, што беше главна тема на грчките медиуми со месеци. Како што пушуваа, Елена и нејзиниот сопруг влегле во судир околу поделбата на имотот.

16 години подоцна, Елена е тешко да се препознае. Пејачката се здебели неколку килограми, а косата ја обои во потемна нијанса.

Еве како изгледа:

escort - Korsan taksi