Наоми Кембпел беше фотографирана на 22 април во Њујорк: Овие слики јасно покажуваат дали била бремена

19 мај, 2021
naomi-campbell-1200x675-1170x675

Вчера, на 18 мај, Наоми објави дека станала мајка

Супермоделот Наоми Кемпбел (50) вчера објави дека го добила своето прво дете, а фановите се прашуваат дали манекенката посвоила бебе или го добила со помош на сурогат мајка, со оглед на тоа што е фотографирана со рамен стомак пред само еден месец.

Имено, Наоми е фотографирана на 22 април во Сохо, Њујорк, во лежерно издание, а во таа прилика јасно се гледа дека манекенката не била бремена.

Црниот пантер тогаш се прошета во разнобојна тренерка и рамни длабоки патики, а косата и беше во плетенки.  

Во раката носеше црна чанта, додека по тој повод на нејзината рака светна огромен дијамантски прстен. Манекенката носеше заштитна бела маска.

Откако вчера на социјалните мрежи објави дека станала мајка на девојче, сите се прашуваат како манекенката добила дете, бидејќи е јасно дека не била бремена.  

Вчера манекенката објави фотографија на Инстаграм на која држи нозе на мало новороденче – девојче.

– Преубав мал благослов ме избра за негова мајка. Толку сум почестена што ја имам оваа нежна душа во мојот живот, нема зборови што ја опишуваат животната врска што сега ја споделувам со тебе, ангелу мој. Нема поголема љубов – напиша Кемпбел.

Наоми најверојатно ја добила својата ќерка преку сурогат мајка, но тие информации сè уште не се потврдени.

„The Sun“ пишува дека Наоми веќе некое време ужива во љубовта со маж кој го крие од јавноста.

– Наоми живее во Америка со своето момче и е навистина среќна. Конечно почувствува дека е совршено време да стане мајка – заклучи извор близок на моделот.

escort - Korsan taksi