“НЕ Е ВЕЌЕ ТРУДНА?” На најновата снимка, Меган го нема трудничкиот стомак

17 мај, 2021
profimedia-0595494034

Каде и е стомакот?, се прашуваат многу следбеници на инстаграм профилот „Арчевел“, именуван по фондацијата основана од Меган Маркл и принцот Хари.

Војвотката од Сасекс, 39-годишната Меган Маркл, ова лето треба да го роди своето второ дете, ќерка чие доаѓање го најави во интервјуто за Опра Винфри. Токму со Опра принцот Хари снима емисија за менталното здравје ‘The Me You Can Not See’, чија прва премиера ќе биде на Apple TV+.

Принцот во создавањето на емисијата учествува како еден од креаторите и извршен продуцент, а преносот нема да биде бесплатен. По тој повод, на Инстаграм страницата ‘Archewell_hm’ беше објавено видео од Меган и Хари, со кое се најавува серија емисии за менталното здравје, но она што заинтригира многумина беше Меган, која на видеото нема труднички стомак. „Таа веќе не е бремена?“, „Каде е нејзиниот стомак?“ се само дел од коментарите на нивните следбеници.

‘Што се случило со стомакот на Меган? Минатиот пат кога се појави пред малите екрани во црвен фустан, трудничкиот стомак ти беше многу поголем? ’, праша една обожавателка. Нејзиниот коментар наскоро беше проследен со друг, под претпоставка дека станува збор за стара снимка од 2020 година, а третиот ги потврди нејзините претпоставки.