НЕ МОЖЕ ДА ПРИФАТИ КРАЈ? Кание Вест сè уште носи бурма

20 февруари, 2021
Kanye-West

Еден од најпознатите парови од светот на славните, 40-годишната sвезда Ким Кардашијан и 43-годишниот американски рапер Кание Вест, не живеат заедно веќе еден месец, а шпекулациите за нивниот развод растат, иако сè уште не е објавено официјално. Ким веќе го извади венчалниот прстен, но Кание сепак носи бурма.

Раперот бил виден со бурма на левата рака откако се вратил во Калифорнија од неговиот ранч во Вајоминг, а фотографиите ги објави Мирор. За него се верува дека трајно се преселил во семејниот имот додека Ким останала со четири деца во Лос Анџелес. Два дена пред Денот на вљубените, ТВ-sвездата Ким беше сликана како излегува од „Ламборџини“ облечена во кожни панталони и црвена кошула, но на нејзината рака немаше бурма. Ким не објави ништо посебно на социјалните мрежи занајромантичниот ден во годината, но неколку дена подоцна објави видео од својот дом на кое се гледаат неколку букети црвени рози.

Светот претпоставува дека нивниот брак запрел за време на несреќната кандидатура за претседател на Кание. Да потсетиме, славната двојка, ако навистина раскине, ќе се бори за богатство вредно 1,6 милијарди фунти. Само флотата вреди 2,8 милиони фунти, имотите се ‘тешки’ со 68 милиони фунти, а има две компании вредни неколку милиони фунти. Ким Кардашијан, наводно, веќе ја ангажирала адвокатката Лора Васер и бара целосно старателство над нејзините четири деца, седумгодишниот Норт, четиригодишниот син Сент, двегодишната ќерка Чикаго и едногодишниот син Псалм.