НЕ МУ ТРЕБАШЕ МНОГУ ВРЕМЕ „Чендлер“ само ја раскина свршувачката, веќе љуби друга?

7 јуни, 2021
profimedia-0226380136

Шушкањето на обожавателите на актерот станува сè погласно

Ѕвездата на серијата „Пријатели“, 51-годишниот актер Метју Пери, изненаден од објавувањето на раскинувањето на седуммесечната свршувачка со 29-годишната литературна агентка Моли Хурвиц. Парот, кој започна да излегува во 2018 година и првпат беше виден јавно во декември 2019 година во ресторан во Западен Холивуд, сфати дека веќе не може да функционира, а обожавателите на легендарниот актер започнаа да шпекулираат дека тој веќе бил заљубен во друга.

Минатата недела Метју објави фотографија на социјалните мрежи со неговата долгогодишна асистентка Бриана Бранкато. Тие ја промовираа неговата ограничена линија за облека, сепак, многумина сметаат дека тоа е повеќе од само промотивна кампања. ‘Подготвени за долг викенд и уште подолго пливање! После ваква недела, знам дека мојот тим е! Купете ја целата колекција и дозволете релаксацијата да започне“, напиша Пери покрај фотографијата.

Еден од следбениците на актерот на Инстаграм забележал дека актерот ‘случајно’ објавил фотографија со друга девојка веднаш откако неодамна ја раскинал свршувачката, а некои коментираат дека изгледаат како убав пар. Веднаш почнаа да се појавуваат прашања дали ова е неговата нова девојка, но Метју не одговори на коментарите. Наместо тоа, тој ги „зачини“ шпекулациите објавувајќи заедничка фотографија со Бриана на Инстаграм стори, прашувајќи се „дали може да и биде повеќе благодарен на неговата асистентка“. Но, засега сè останува само на шпекулациите на обожавателите на актерот.

Да потсетиме, Метју никогаш не се ожени, а пред Моли, тој се забавуваше со Ѕвездата на Castle Rock, Лизи Каплан шест години пред да раскинат во 2012 година.