НОВ СКАНДАЛ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО! Ќе бидат откриени нови шокантни детали, а загрозен е и бракот на Хари и Меган!

12 мај, 2021
51937088_303

Светот сè уште го памети интервјуто што Дијана му го даде на Мартин Башир во 1995 година, а го гледаа 23 милиони луѓе.

Проблемите во британското кралско семејство не се смирија откако принцот Хари и Меган Маркл дадоа интервју за Опра Винфри и очигледно нема да се смират наскоро.

Судејќи според странските медиуми, ќе има уште драма, бидејќи во моментов се снима нов документарен филм за принцезата Дијана, во кој ќе бидат прикажани досега невидени снимки од животот на трагично загинатата мајка на принцовите Вилијам и Хари.

Тоа ќе биде продолжение на филмот „Дијана, според нејзините зборови“ од 2017 година. Емитувањето на документарниот филм на платформата за стриминг е најавено за следната година, кога ќе се одбележат 25 години од смртта на Дијана.

Како што пишуваат, ова може да создаде непријатности за Хари затоа што тој и Меган потпишаа договори за други ТВ-проекти на истата платформа.

Светот сè уште го памети интервјуто што Дијана му го даде на Мартин Башир во 1995 година, а го гледаа 23 милиони луѓе. Таа го налути кралското семејство откривајќи претходно непознати детали од бракот со принцот Чарлс. Дијана, меѓу другото, призна дека се чувствувала многу осамена за време на бракот.

Според Пол Барел (62), пријател и батлер на Дијана, документарецот може да биде непријатен за Хари, кој веќе е во тешка позиција поради големата расправија со неговото семејство.

– Новите снимки несомнено ќе бидат фасцинантни за гледачите. Ќе бидат откриени повеќе тајни и гледачите ќе добијат поголем увид во тоа каква навистина била Дијана. Околу тоа време, таа беше крајно параноична, веруваше дека новинарите ја следат – рече тој и додаде дека Дијана го принудила да ги исклучува телефоните.

– Овој документарец може да предизвика скандал, а ќе бидат презентирани и приватни детали за Дијана, и тоа ќе биде навистина непријатно за Хари – тврди Барел.

– Тој секогаш го мразеше фактот дека неговата мајка беше експлоатирана во медиумите, а сега истото се случува на платформата со која тој и Меган соработуваат.

Според него, познатата стриминг платформа го искористила интересот за кралското семејство со снимањето на серијата „Круна“, која се занимава со нивните животи, договорот со Хари и Меган, но и најновиот документарец за Дијана.

– Ситуацијата е многу непријатна бидејќи мислам дека Меган ја гледа Дијана како пример, така што добро би и дошол подобар увид во нејзиниот живот. Сепак, тоа може да создаде поделба меѓу неа и Хари, а дури може и да ги раздели.