Новата славна двојка: Рита Ора го љуби оскаровецот Таика Ваитити повеќе од еден месец

27 април, 2021
1450459

Пејачката родена во Косово минатата недела објави фотографија со режисерот Таика Ваитити, поттикнувајќи шпекулации дека Рита ќе има камео улога во неговиот нов филм „Тор“, но и дека нивната врска не е деловна

Најновите информации велат дека пејачката и режисерот биле заедно повеќе од еден месец додека го снимале шоуто „ The Voice“ во Сиднеј.

Според „Сан“, Рита (30) и Таика (45) не криеле во кругот на нивните славни пријатели дека се заедно и дека работите можат да станат сериозни.

„Тие се зближија на почетокот на март, но не го разгласија тоа. Сепак, сите нивни пријатели знаат за врската. Тие навистина се сакаат “, рекол изворот.

Минатата недела Рита објави серија фотографии со зборовите „Добри времиња, спомени, случајни работи на мојот телефон и оние што ги сакам“, а на една од фотографиите беше завиткана во рацете на познат режисер.

Иако Таика, со капа на главата, делумно го покри својот идентитет, фановите на Рита сфатија кој е тоа, па започнаа шпекулациите дека пејачката може да добие камео улога во неговиот претстоен филм „Тор“, но исто така и дека може да се нов славен пар.

Неодамна Рита и Таика беа забележани како излегуваат од приватен авион со кој пристигнаа во Сиднеј од Голд Коуст во друштво на Крис Хемсворт, неговата сопруга Елза и Мет Дејмон.

Холивудските sвезди во Австралија го снимаат филмот на Таика „Тор: Љубов и гром“, во кој ќе им се придружи и Расел Кроу, кој минатата недела беше виден со Рита на возење велосипед.

escort - Korsan taksi