ОТКРИЕНА СОДРЖИНАТА НА МЕЈЛОВИТЕ Афлек и праќал љубовни писма на Џеј Ло уште во февруари?

13 мај, 2021
Jennifer-Lopez-Ben-Affleck

Ако се точни последните информации што се појавија за ново – старата љубовна двојка, поранешниот на Џенифер би можел да побесни

Славниот актер, 48-годишниот Бен Афлек, повторно е во центарот на вниманието откако во јавноста протекоа фотографии од него и 51-годишната Џенифер Лопез, поранешната девојка со која раскина пред 17 години, само неколку дена пред да застанат пред олтарот, која пред еден месец ја раскина двегодишната свршувачка со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез. И иако на почетокот се чинеше дека Бен и Џенифер се поврзаа по раскинувањето со А-Род, најновите информации велат дека Бен и испраќал љубовни писма на Лопез уште во февруари.

jennifer lopez ben affleck

Тој наводно и испратќал писма по е-пошта додека го снимала филмот „Shothun Wedding“ во Доминиканската Република, каде што самиот Родригез отиде за да се обиде да ги изедначи проблемите со Џенифер во врската. Сè се случи откако Афлек ја прекина едногодишната врска со кубанската актерка Ана де Армас во јануари, додека го снимаше ‘The Tender Bar’ со Џорџ Клуни.

„Афлек и Џеј Ло редовно разменувале мејлови од почетокот на февруари“, изјави за TМЗ извор близок до парот. Афлек наводно ја пофалил и ѝ рекол дека изгледала фантастично на фотографиите од Доминиканската Република, на што Лопез одговорила дека ‘го освоил нејзиното срце’. Според ТМЗ, тие започнале да се дружат во Лос Анџелес во април, откако Џеј Ло завршила со снимањето.

escort - Korsan taksi