“Овие облини заслужуваат аплауз!” Една од најубавите жени во светот во топлес издание на 56 години!

27 јануари, 2021
liz-harli-460x0

Елизабет Харли е актерка која и пркоси на возраста и на која не и е непознато да го покажува своето тело во полн сјај на социјалните мрежи.

Англиската актерка и поранешна манекенка Елизабет Харли (55) објави секси фотографија на социјалната мрежа Инстаграм на која ги истакна градите во топлес и ги шокираше обожавателите со своето разголено издание.

Имено, актерката позираше само во гаќички без градник, а брадавиците ги покри со бело крзнено палто со црни детали.

Таа го истакна рамниот и затегнат стомак, совршено обликуваните и подигнати гради, а на лицето имаше блага шминка што ја истакнуваше нејзината убавина.

Таа ја извитка косата во нежни бранови, и иако е во 6-та деценија, обожавателите велат дека актерката изгледа 15 години помладо и како да штотуку влегла во четириесеттите години.

Како можев да одолеам? – праша таа во описот на фотографијата.

Таа собра над 223 000 лајкови на оваа објава, додека ја следат 1,8 милиони следбеници на Инстаграм, со нетрпение ја очекуваат следната провокативна фотографија.

„Овие облини заслужуваат аплауз!“, и напиша еден обожавател.

На обожавателите им се допаѓа најмногу што актерката не подлегна на трендот на пластична хирургија и ја задржа нејзината природна убавина. 55-годишната убавица покажа беспрекорно тело и облини за своите години, а на фотографијата позираше заносно и на своите следбеници им даде заводлив изглед.

Погледнете ги заводливите фотографии на Елизабет Харли во галеријата во текстот.

escort - Korsan taksi