Памела Андерсон ја исмеја актерката позната по аферата со оженетиот колега: „Целата работа е шега“

14 мај, 2021
31a - Copy 60

Лили Џејмс ја игра Памела Андерсон во серијата „Пем и Томи“, а Себастијан Стен го игра нејзиниот поранешен сопруг. Sвездата на „Baywatch“ вели дека воопшто не знае кои се овие актери.

Актерката Лили Џејмс (32) повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат не поради аферата со оженет маж.

Имено, Памела Андерсон (53) ја коментираше хумористичната серија „Пем и Томи“ во која ја игра Лили, а Себастијан Стен (38) го игра нејзиниот поранешен сопруг, тапанарот Томи Ли (58).

Близок пријател на Памела за The Sun изјави дека мисли дека тоа е мизерно подготвено шоу. “Таа нема намера да ја гледа оваа ужасна серија. Апсолутно никогаш. Никогаш не слушнала за актерите кои ги играат неа и Томи и не сака да ги запознае. Таа и нејзиното семејство сметаат дека тоа е патетично шоу. Целата работа е шега на нив“, рече тој.

Серијата во осум епизоди ќе ја прикаже бурната врска помеѓу Андерсон и Ли кои се познаваа само 96 часа кога решија да се венчаат во 1995 година, а нивниот брак траеше три години. Поранешните сопружници ги добија синовите Брендон (24) и Дилан (23).

Себастијан, кој го отелотворува Томи, е познат по улогите во франшизата на Марвел „Капетан Америка“, а Лили го привлече вниманието минатата година со аферата со оженетиот колега. Папараците ги снимија Џејмс и Доминик Вест како страсно се бакнуваат на улица во Рим за време на пауза од снимањето.

Избувна голем скандал и иако се шпекулираше дека сопругата ќе го остави Вест, парот се уште е заедно и како што велат тие се посреќни од кога било. Странските медиуми напишаа дека Лили се зближила и со Арми Хамер, која беше во средина на скандал последните месеци, за време на снимањето на филмот „Ребека“.

Инаку, Џејмс ги воодушеви обожавателите со фотографија на Инстаграм пред неколку дена. Имено, на сликата многу наликува на Памела, која ја отелотвори во новата серија.