По Катарина Ивановска, сега и Перо Антиќ од „Жешко столче“ ги подгреа чаршиските муабети дека има нешто меѓу нив: „Кај што има чад, секогаш има и оган“ (видео)

26 февруари, 2021
pero

Последните неколку дена во домашните медиуми се пишува дека македонскиот модел Катарина Ивановска не е заедно со својот партнер Цобе со која има две деца.

Исто така се пишуваше дека наводно Ивановска не чекала да си најде ново момче. Станува збор за претседателот на кошаркаркаската федерација на Македонија, Перо Антиќ.

Дополнителен жар на оган е ласкањето во коментари кое осамнува под објавите на Инстаграм на Кики и Перо.

Исто така, чаршиските муабети се зголемија кога во  еден скопски ресторан се најдоа: Тамара Тодевска, сопругот Александар, Катарина и Перо, па иако фотографиите беа објавени одделно,  јасно беше дека се дружеле на исто место и во исто време.

Катарина неодамна гостуваше во „Жешко столче“, а на прашањето дали дресот со број 6 и е омилен, а таа не баш сакаше да одговори и само кусо со симпатична насмевка рече: „Види, каде што има чад има и оган. Тоа е ха, ха, ха…“

По моделот, и Перо Антиќ седна на „Жешко столче“, а на прашањето дека единствена девојка која ја прошетал по разводот е девојката која одела по модни писти и дали е точно дека „каде што има чад има и оган“ (изјавата на Кики)“, Перо одговори:

„Кај што има чад секогаш има оган, но не знам за кои писти зборуваш…Колку што можам ја следам модата“ – одговори Антиќ не сакајќи многу да ги коментира гласините.

Тој истакна дека не му пречат трачевите за него, но му пречи кога ќе снема имагинација.

Дали меѓу Катарина и Перо навистина има нешто или сето тоа е само во доменот на скокотливите муабети на чаршијата, останува да видиме?!

Потсетуваме, Перо Антиќ пред повеќе од две години се разведе од сопругата Ружица со која има три деца, а Катарина и Цобе не стапија во брак , но имаат две деца, син и ќерка.