Полицијата и брзата помош мораа да интервенираат во домот на Мајкл Даглас

15 јуни, 2021
profimedia-0469800714

76-годишниот актер се однесуваше многу чудно

Кога првпат се запознаа, 76-годишниот актер, Мајкл Даглас, сè уште беше во брак. Згодната 20-годишна актерка, Кетрин Зета Џонс, се обиде да ја заведе со клише изјавата „Јас ќе бидам татко на твоите деца“, но така и беше. За жал, веќе некое време се пишува за проблемите во нивниот брак. Како што истакнуваат медиумите, но и нови приказни кои излегуваат на површина, Мајкл се однесува чудно во последно време. Списанието „Тач“ отиде чекор понатаму и откри дека неодамна полицијата и брзата помош морале да интервенираат во нивниот дом.

Како што се наведува, сè се случило во нивниот дом во Ирвингтон, Њујорк. Според нив, помошта на полицијата и брзата помош не можла да се избегне. „Луѓето внатре во куќата беа загрижени за здравјето на Мајкл затоа што тој се однесуваше чудно и чувствуваше дека му треба медицинска помош“, изјави неименуван инсајдер пред да спомене дека бракот на sвездата со Кетрин се распаѓа. Тие исто така забележале дека актерот не е во добра форма кога станува збор за неговата ментална состојба. Деталите за тоа што точно се случило, медиумите сè уште не ги добиле. Се шпекулира дека карантинот предизвикан од пандемијата на корона вирусот и нанел штета на нивната љубов.

За неговата состојба се зборуваше и неодамна, кога пријателите станаа загрижени за можно враќање кон алкохолот. Имајќи предвид дека еднаш се бореше со рак на грлото, и без такви тешки ситуации, неговото здравје не е во најдобра состојба. Сега пријателите се загрижени дека ќе се врати кон алкохолот, од кој принудно се откажа во 1992 година. „Само да не се врати на алкохолот“, велат тие.

Иако се повеќе се зборува за брачните проблеми, тие сепак изгледаат среќни во јавноста. ‘За разлика од многу парови, никогаш не сме имале работа од девет до пет, каде што сте доследни. Или сме вклучени или исклучени. Навистина, работам 16 часа на ден, или не работам. Значи, имавме огромна количина време во нашата врска каде што можевме да бидеме само ние. Жвеевме на островот Бермуди 12 години воспитувајќи ги своите деца. Ние си го почитуваме просторот еден на друг, а нашиот хумор е едноставно долготраен“, рече актерката во едно од неодамнешните интервјуа.

escort - Korsan taksi